QF1 - France vs Germany, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Gdansk, 25.01.2023, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Германците плачат: Немавме доволно време да се подготвиме за Франција!

Германија не успеа да го помине четвртфиналниот предизвик на Мундијалот во Полска и Шведска. Добрите четириесетина минути не беа доволни да се елиминира Франција, која покажа класа и сосема заслужено славеше на крајот со 35-28.

Исланѓанецот на клупата на Германија, Алфред Гисласон честиташе на победата на Франција, но смета дека таа не е издвојувана само како резултат на подобриот квалитет на противникот, туку и поради недостатокот на свежина на својата екипа и лошиот распоред на турнирот.

,,Му честитам на противникот на заслужената победа, но тоа што ми смета посебно е распоредот на овој турнир. Голема разлика е да имате два дена одмор пред ваков значаен натпревар, отколку еден ден. Тоа беше многу значаен фактор”, изјави Гисласон.

Франција го играше последниот натпревар од главната фаза во недела, а Германија во понеделник по што наредниот ден отпатуваа во Гдањск.

,,Тоа ни направи големи проблеми бидејќи немавме време адекватно да се подготвиме за натпреварот. Во овој систем каде првенството се одржува во две држави не е можни сите да имаат исти услови, некој мора да трпи заради патувањата и тоа веќе не е фер. Тимот кој мора повеќе да патува и како резултат на тоа има помалку време за подготовки за следниот натпревар е значително хендикепиран.Франција имаше повеќе време и за одмор и за подготовки, а тоа е огромен фактор на вакви натпреварувања.Победата на Франција на теренот е заслужена, но факт е дека немавме подеднакви услови за подготовка на натпреварот”, заврши Гисласон.

Германија ќе разигрува за пласман од 5 до 8 место, а прв ривал на избраниците на Гисласон ќе биде Египет. Доколку Германија го добие ривалот од Африка, тогаш за 5 место ќе се бори со подобриот од дуелот меѓу Норвешка и Унгарија.