Германците најдоа начин, имаат интересен предлог против корона кризата

Големиот број на позитивни случаи со коровавирусот во тимовите од Бундес лигата стана проблем за одигрување на натпреварите според предвидениот распоред, а челниците на најсилната лига во светот дојдоа на идеја после репрезентативните собири.

Потпретседателот на лигата и генерален директор на Фуксе Белин, Боб Ханинг го даде предлогот кој делува интересно за надминување на актуелната кризна сиуација.

Според Ханинг, тимовите од Бундес лигата би требало да се натпреваруваат со две екипи. Едната екипа би се натпреварувала во Бундес лигата додека другата би играла во европските натпреварувања. Вториот тим би бил на располагање во случај на инфекција со коронавирусот.

Веќе е разговарано за овој предлог, а прашањето кое се поставува е колку тимови би можело финансиски да го поднесат овој предлог на Ханинг. Со оглед на сè поголемиот број на заразени неизвесно е дали и Мундијалот во Египет во јануари ќе биде одигран што исто така може да влијае на распоредите во домашните натпреварувања.

Причината за ваквите размислувања беше Јури Кнор од Минден, кој се врати од ЕХФ неделата со  тешки симптоми на коронавирусот.