Германија е петта на ЕП, Португалија оствари историски успех покрај поразот

Репрезентациите на Германија и Португалија одиграа неизвесен и цврст натправар во борба за петата позиција на Европското првенство. Во завршницата подобро се снајдоа репрезентативците на Германија и триумфираа со 29:27.

Германија во поголемиот дел од првите 30. минути имаше водстство но најголемото беше од два гола. Во неколку наврати Португалците израмнија, но ниту еднаш не поведато во првиот дел. На полувреме беше 14:13 за Германија.

Развојот на настаните на теренот беше многу сличен и во продолжението. Со головите на Кун и Вулф по грешки на Португалија, Германците стигнаа до 18:15 во 36. минута но не се одлепија на поголема предност.

Португалија ја анулираше негативата и најчесто беше нерешено се до завршните минути. Во 48. минута за прв пат поведоа Португалците, имаа и два гола позитива но до крајот не успеаја да ја задржат. Германија направи серија од 4:0 во завршницата и стигна до победата.

Кун со шест погодоци беше најефикасен во составот на Германија, додека четири постигна Гола. Во репрезентациајта на Португалија Фераз и Боргес беа најпрецизни со по четири гола.

Португалија иако загуби сепак го оствари најголемиот успех во историјата на Европските првенства со освојувањето на 6. место, додека за Гемранците овој резултат не може да се смета за успег бидејќи се надеваа на највисок пласман и одвојување на медали.