Георгиевски: Имаме нов тренер, нов систем, малку тренинзи… тоа си зема данок

Вардар загуби со 24:25 на дуелот против Нексе во 1. коло од Групата Б во Лигата на Европа. На оваа средба Георгиевски играше во првото полувреме и имаше добар биланс бидејќи во првото полувреме постигна три гола од три обиди.

„На домашен терен секој сака да победи. Имаме нов тренер, нов систем, имавме и играчи со репрезентација и сето тоа си зема данок сега. Имавме многу грешки и ќе треба да анализираме бидејќи немаме многу време и ќе мораме во нови предизвици. Веќе нè очекуваат нови натпревари, кои се многу на број месецов и мора добро да се подготвиме за она што нè очекува“, изјави Георгиевски.

Овој пораз за Вардар е секако опомена дека мора да се менува уште во играта за да се дојде до посакуваното ниво што е знак дека Дејвис има многу работа.