Георгиевски: Ако сакаме на ЕП – мора да бидеме подобри во двомечите со Швајцарија и Финска

Машката сениорска репрезентација ги доби противниците во квалификациите за место на Европското првенство во 2022 година во Словачка и Унгарија.

Десното крило Гоце Георгиевски, кој се враќа во татковината од следната сезона и ќе игра за Вардар, смета дека групата е незгодна.

„Групата што ја добивме е незгодна. За Данска немаш што да каже олимписки шампио, светски шампион и тие се апсолутен фаворит во нашата група. Швајцарија е најтежок ривал од третиот шешир, а исто така и Финска од последниот. Ако сакаме настап на ново Европско првенство, мора против сите да одиме на победи и да ја чекаме шансата“, вели Георгиевски за 24Ракомет.

Првиот натпревар нашите сениори ќе го одиграат на 4 или 5 ноември на домашен терен против репрезентацијата на Финска, а во второто коло на 7 или 8 ноември ќе играат на гости во Швајцарија.