Генсхајмер го пропушта Вардар!

Легендарното лево крило Уве Генсхајмер нема да заигра за неговиот тим Рајн Некар Левен најмалку до крајот на оваа година.

Некогашниот капитен на Германија кон средината на јуни имаше операција на коленото по повредата и јасно е дека нема да се врати на терените наскоро.

„Не е јасно кога пак ќе играм. Но нема да запрам на ваков начин. Тоа ќе биде процес што ќе трае најмалку шест месеци, па секогаш ќе има подеми и падови. Сепак ова не е прва рехабилитација што ја минувам“, изјави Генсхајмер за „Билд“.

Рајн Некар Левен е ривал на Вардар во квалификациското коло од Лигата на Европа и двете средби ќе се играат на 26 август во Скопје и на 3 септевмври во Хајделберг.

Рајн Некар го освои трофејот на „С-Купот“