Гевгелија триумфално против фенерџијата Овче Поле

Ракометарките на Гевгелија ја остварија третата победа во женската лига. Во 12. коло пред своите гледачи беа подобри од составот на Овче Поле со 25:18. Со овој пораз тимот на Овче Поле останува закован на последната позиција.

Гевгелија имаше позитива од самиот старт на дуелот, беше 3:0 а потоа и 5:2. Овче Поле немаше сили за поголем отпор и уште во првото полувреме имаше негатива од 15: 7

Продолжението донесе помалку ефикасна игра каде што и двете екипи посигнаа по десет гола. На крајот се покажа дека предността од првиот дел на Гевгелија како доволна за победа.

Најефикасна во домашниот тим беше Попова Јасмина со 12 гола. Во поразената екипа Сандра Гигова постигна пет гола и беше најдобра во својата екипа.

ГЕВГЕЛИЈА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ 25:18 (15:8)

Сала: 26-ти април во Гевгелија. Гледачи: 100. Судии: Спаско Ќаев и Даниел Ристовски. Делегат: Петре Климаков.

ГЕВГЕЛИЈА: Каранфиловска, Басова, Мандалова 1, Попова 12, Пецевска 3, Петрова, Ибрахимович, Горковска, Митрова, Петковска 3, Тимчева, Танева 3, Митрова 3.

Седмерци: 1/2. Исклучувања: 4 мин.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Јовановска 1, Стоилова, Вучевска 2, Сентовска 4, Манева 1, Костадинова, Ашкилова, Костова 2, Митева, Павловска, Гигова 5, Мицевска, Ташкова, Стојанова, Павлова.

Седмерци: 3/7. Исклучувања: 4 мин.