Гевгелија не дозволи изненадување кај Кузман Вардар

Тимот на Гевгелија оствари лесна победа на гостувањето кај Кузман Вардар и славеше со 25-19 во 5 коло од плеј-аутот во Женската лига.

Домашниот тим парираше во првите дваесетина минути кога беше 8-8. Потоа до крајот на полувремето, избраничките на Татјана Љатева дадоа седум гола по ред за 15-8.

Вториот дел беше само формалност, гевгеличанки поведоа со 25-15, а до крајот Кузман Вардар погоди четири пати по ред.

Најдобри стрелци кај победникот беа Симона Донева и Елена Рипилоска со по пет гола, додека Нина Милевска даде десет за домашниот тим.