Гвадалахара му посака добредојде на Дарио Петровски (ВИДЕО)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дарио Петровски, во новата сезона ќе го има првиот интернационален предизвик.

Средниот бек што може да ја покрива и левата бековска позиција, потпиша договор со шпанскиот тим Гвадалахара.

Петровски потекнува од Еурофарм Работник, беше дел од првиот и вториот тим на Еурофарм Пелистер, а кратко играше и за тимот на Струга.

Тој ќе биде втор Македонец во шпанскиот состав, откако пред две сезони дресот на Гвадалахара го носеше Костадин Петров.

Гвадалахара не успеа да се избори за опстанок во Асобал лигата, па следната сезона ќе игра во Втората шпанска лига.