Гаф на Норвежаните: Елверум играше со Вардар во Романија? (ФОТО)

Вардар конечно забележа триумф во Лигата на шампионите, откако славеше над норвешкиот првак Елверум со 35-32.

Медиа тимот на Елверум, судејќи по објавите на социјалните мрежи за резултатот на полувремето од натпреварот, мислеше дека нивниот тим гостува во Романија.

Сепак истиот кикс не го повторија два пати, па кога беше објавен конечниот резултат стоеше Македонија.

Елверум на првиот меч успеа да извади реми против Вардар, 34-34, а по поразот во вториот меч падна на последното место во групата.