„Гаучосите“ со трофеј се наострија за СП и дуелите со Македонија, Норвешка и Холандија

Селекцијата на Аргентина го освои трофејот на Јужно Американските игри што се одржаа во главниот град на Парагвај, Асунсион.

Покрај домаќинот и Аргентина, играа уште Чиле, Уругвај и Венецуела, а Бразил бидејќи имаше обезбедено место на Пан Американските игри не беше дел од Јужно Американските игри, па „гаучосите“ имаа лесна задача.

Решавачки дуел за златото на Аргентина беше последниот против Чиле, на која Симоне и колегите славеа со 29-21. Оваа селекција освојуваше трофеи во 2002 и 2006, додека Бразил славеше во 2010, 2014 и 2018 година. Чиле заврши на второто место, додека Уругвај освои бронза.

За Аргентина, која ја чека настап на СП 2023 година во група со Македонија, Норвешка и Холандија, ова беше само загревање. Покрај Симоне, играа сите што ќе играат и на Мундијалот – Мациел, Москариело, Пизаро…

Чилеанците се квалификуваа за Пан Американските игри како домаќини во 2023 година, а таму покрај Бразил ќе играат Аргентина и Уругвај.

Кај дамите Бразил го освои трофеј, Парагвај беше сребрен, додеека Аргентина го освои третото место.

На Пан Американските игри покрај селекциите од Јужна Америка, ќе играат и најдобрите од Северна Америка, Средна Америка и Кариби. Шампионите во двете конкуренции од ова натпреварување во 2023 година ќе обезбедат директно место на Олимписките игри во Франција во 2024 година.