Габор и Габор остануваат на чело на репрезентацијата на Унгарија

Наследниците на Ким Расмусен на селекторската позиција на женската репрезентација на Унгарија, Габор Дани и Габор Елек ќе продолжат да ја предводат селекцијата и во иднина.

Федерацијата на Унгарија потврди дека тренерите на најдобрите клубови во земјата остануваат Ѓер и Ференцварош, остануваат на чело на женската репрезентација. Договорите на тренерите се со важност до 31 март 2021 година, но со голема веројатност за нивно продолжување.

Доколку Унгарија обезбеди пласман на Олимписките игри во Токио наредната година автоматски договорите на селекторскиот тандем ќе бидат продолжени до 15 август 2021 година.

Габор Дани и Габор Елек ја преземаа репрезентацијата на Унгарија во јануари, откако претходниот селектор Ким Расмусен поднесе оставка по неуспехот на Светското првенство во Јапонија во декември 2019 година.