Вујо им порача на играчите: Нарачувајте храна, не одете по ресторани!

Откако беше прогласена пандемија на светско ниво на новиот коронавирус сите клубови преземаат мерки за заштита на своите ракoметари и сите останати членови на клубот.

Веселин Вујовиќ го распушти Загреб и наскоро се очекува да се знае дали и кога ќе продолжат со тренинзи, а исто така испратија препораки до своите играчи до кои треба да се придржуваат за заштита од заразата.

„На жалост немаме тренинзи, дали ќе тренираме од нарендата недела останува да видиме. Побарав од клубот играчите да бидат ставени во самоизолација и сите да бидеме тестирани. Исто така побарав да добиеме на рапсолагање сала која е дезинфицирана. Засега нема одговор на моите барања, можеби нема да тренираме четири недели. Играчите добија препорака да не го напуштаат Загреб и да не излегуваат кај што има многу луѓе. Дури и ги советувавме да нарачуваат храна за да не одат по ресторани. Се надевам дека ќе ги почитуваат препораките бидејќи доколку само еден ракометар се зарази тоа би било катастрофа за целиот клуб“, истакна Веселин Вујовиќ.

Загреб обезбеди пласман на завршниот турнир во СЕХА лигата, а исто така им претстојат и натпревари во домашното првенство. Останува да видиме кога ќе продолжат натпреварите ширум Европа и каков ќе биде распоредот во финишот на сезоната.