Вујовиќ: Штета што немаше публика за луѓето да го видат овој срам!

Тимот на Борац Бања Лука беше елиминиран од Европскиот Куп по убедливиот пораз од словенечкиот Горење Велење со 16-32.

Тренерот на босанскиот клуб Веселин Вујовиќ беше разочаран по лошата партија на неговите избраници.

„Штета што немаше публика за луѓето да го видат овој срам. Ова е сериозен шамар и тоа во вистинско време пред почетокот на домашното првенство. Никогаш во животот и во мојата кариера немам доживеано ваков пораз. Никогаш ми се нема случено мојот тим да даде пет гола. Ние сме далеку од Европа. Некои играчи денеска ги снема од теренот, глумат дека се фраери…На вакви мечеви се гледа кој каков играч е. Требаше да покажат карактер и борбеност“, изјави Вујовиќ за „Мондо“.

По завршувањето на европските настапи, Борац сега го очекува борбата на домашните фронтови.