Вујовиќ: Четири разлика е подобро од пет

Ракометарите на Вардар после долг период одиграа натпревар пред своите навивачи и во дуелот од четвртфиналето во СЕХА лигата го совладаа ППД Загреб со 24:20.

Тренеров Веселин Вујовиќ после натпреварот во изјава за 24 Ракомет го искажа задоволството од настапот на својот тим, а исто така и од резултатот.

„И реванш натпреварот ќе биде тежок како што беше и овој неизвесен до крај. На полувремето кога водевме два разлика им реков на играчите барам од вас и второт полувреме да го добиеме со два за вкупно четири разлика. Четири разлика е некако подобро од пет. Со пет предност сте поопуштени и мислите дека е лесно, а на четири се уште мора да се борите. Имаме шанси Загреб денеска играше добро, имаат многу млади играчи и сигурно ќе биде тешко во Загреб. Потребен ни е уште еден играч на среден бек бидејќи Гаџа не може да издржи 60 минути, ако го решиме овој проблем тогаш сме многу сериозна екипа“, изјави Вујовиќ.

Патникот на завршниот турнир ќе биде познат во вторник на 31. август кога се игра реванш натпреварот во Загреб.