Вујовиќ: Со Македонците мора да бидете фини…

Веселин Вујовиќ е се уште без ангажман по заминувањето, но се чини дека нема уште долго време да биде така, барем според неговите најави.

Иако низ хрватските медиуми се шпекулираше дека Вујовиќ ќе се посвети на овоштарство, сепак тој вели дека неговиот син ќе биде задолжен за тоа.

„Кога се обидував да го објаснам заминувањето од Загреб го наведов овоштарството како една од причините, но секако дека тоа не беше клучен фактор во приказната. Тоа не ми е главна окупација, со тоа се занимава мојот син. Јас ќе останам во ракометот, тоа најдобро знам да го работам. Имав понуда од Арапите, но со нив не можете да договорите ништо, ќе ви кажат дека ќе ве бараат утре, па ги нема никаде пет или за петнаесет дена. Со нив е комплицирано. Ќе почекам, имам понуди од земји во опркужувањето“, вели Вујовиќ.

Тој во утринската емисија „Пробуди се“, откри како се однесува со ракометарите од поранешните југословенски републики.

„Со Македонците мора да бидете фини, Црногорците мора да ги „фатите“ на гордост. Од Хрватите максимумот се вади со патриотизам, Србите се фаќаат „на фора“ и на мангуплак, додека Словенците се микс од сите овие, но повеќе се блиску до Западот и и им фали“, вели Вујовиќ.