Вујовиќ: Се радувам што ќе играме пред навивачи, но нема да биде решено ништо на првиот меч

Ракометарите на Вардар ги очекува првиот четвртфинален натпревар од регионалната СЕХА лига против Загреб.

Тренерот Веселин Вујовиќ очекува израмнет натпревар и вели дека патникот на Ф4 ќе биде решен на реваншот.

„Играме со Загреб, мислам дека тоа е најизедначениот пар од оваа фаза во СЕХА. Мислам дека за конечниот победник ќе треба 120 минути, нема да биде ништо решено на првиот меч. Тие доаѓаат во добра форма, ние полека ја креваме формата. Мене ме радува дека ќе има гледачи на нашиот натпревар. Не размислувам за победа, реми или пораз, колку голови ни е потребно, туку да одиграме еден одличен натпревар за да елиминираме силна екипа како Загреб“, вели Вујовиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Загреб се игра утревечер во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот.