Вујовиќ: Само смртта е сигурна, друго се е релативна работа

Ракометарите на Вардар ги очекува вториот натпревар од Лигата на шампионите, а гостин во Скопје е белорускиот првак Мешков Брест.

Тренерот Веселин Вујовиќ смета дека недостатокот од тренинзи може да биде голем проблем пред четири меча во серија.

“Едно е сигурно, а тоа е смртта, а се друго е релативна работа. Не сакам да се жалам, но во последните сеудм дена одигравме четири меча, и ако ги сметаме Мешков Брест и Еурофарм Пелистер, тоа ќе бидат шест за 14 дена. Вардар во овој момент нема капацитет за толкав број на натпревари. Но ајде да не биде се црно. Како што знам и Мешков има проблеми со повредени играчи. Кудуз не верувам дека ќе може да ни помогне ниту со Мешков Брест. Ние во псоледните седум дена не направивме два нормални тренинзи. Ние немаме уште еден среден бек, а за да пробам некој од другите ракометари нема време. Треба да се надминеме себе за да го победиме Мешков. Тие имаат сигурен клуб, буџет, можат да носат сериозни играчи, иако сите знаеме дека се се врти околу Скубе. Ние без навивачи во сала не сме Вардар. Колку од “Комити” ќе дојдат не знам, но секако би ни значело да бидат во голем број”, вели Вујовиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Мешков Брест се игра в среда во СЦ “Јане Сандански” со почеток во 20:45 часот.