Вујовиќ: Одигравме добра одбрана, но последните пет минути ни беа лоши

Вардар обезбеди десетто учество на завршниот турнир во СЕХА кој годинава ќе се одржи по вторпат во Задар. Поразот од 22:25 не беше толку разочарувачки бидејќи оние 24:20 од Скопје беа доволни за пласман на нов Ф4 турнир.

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ после натпреварот против Загреб имаше свое видување за она што се случи на теренот. Тој е задоволен од играта во одбраната, но не и од тоа што момците го покажаа во завршниот дел од средбата.

„Задоволен сум како мојата екипа играше во одбраната. Мислам дека тоа беше клучот. Одигравме многу лошо во последните пет минути. Доколку имавме концентрација резултатот сигурно ќе беше и поповолен иако и ова може да се смета како добар резултат, Загреб за нијанса играше полошо отколку во Скопје. Очигледно и кај Загреб и кај Вардар има проблеми во поставен напад 6 на 6. Доколку не ги решиме овие проблеми ќе имаме доста проблеми во Лигата на шампионите“, коментираше Вујовиќ.

В петок тимот на Вардар ќе игра против Мешков Брест во полуфиналето од СЕХА лигата на Ф4 турнирот кој се игра во Задар.