Вујовиќ: Ако успееме да го вратиме Карачиќ во Вардар…

Ракометарите на Вардар имаат победнички старт во новата сезона со пет победи во Суперлигата, како и со два триумфи во Лигата на шампионите плус и едно реми.

Тренерот Веселин Вујовиќ по третпат го води „црвено-црниот“ тим, а одговори потврдно на прашањето дали посакува повторно да соработува со Игор Карачиќ, кој всушност тој го донесе во Скопје пред девет сезони.

„Би сакал да ги вратам во Вардар не само Карачиќ, туки и многу играчи што беа дел од освојувањето на двете европски титули како на пример Душебаев, Циндриќ, Кристопанс и уште многу други од времето на Раул и Парондо…Но сепак не е возможно да ја направиме таа екипа во овој момент. Доколку успееме да го вратиме барем Карачиќ, тоа би било неверојатно за мене како тренер, за навивачите, а би го кренал и квалитетот на клубот, но во моментов тоа се уште не е реална опција“, вели Вујовиќ за Бекстејџ.

Карачиќ беше дел од Вардар седум сезони и освои две титули во Лигата на шампионите со македонскиот првак.