Вујовиќ: Ако можеше Мешков, зошто да не бидеме и ние во егал со Алборг

Ракометарите на Вардар патуваат за Данска каде штоутре ќе играат против тимот на Алборг во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ ќе имаат тешко гостување, a иако во Скопје беше забележана победа со 30:28, сега ќе биде далеку потешко.

Во ова се согласува и тренерот Веселин Вујовиќ, кој добро знае дека за бодови во Данска ќе треба игра на максимум во сите 60 минути.

„Ќе биде сосема поинаков натпрeвар од тој во Скопје. Тука се трудевме да не трчaме многу и да ги забавиме. Успеавме во тоа и oдрботеното се виде во крајниот резултат. Сигуно нема да ги повторат грешките кои ги направија во Скопје и ќе трчаат многу повеќе. Силни се во тој сегмент од играта во контранапад отколку што сме ние. Нам ни недостига Ристовски, кој ни најави проблеми. Има мачнина, повраќање и поради тоа во составот е Али Сафар“, вели Вујовиќ.

После поразот од Монпелје минатата среда во Скопје со 25:31 не беше лесно меѓу вардарци, но мора да се гледа напред и да се тргне кон нови победи.

„Бевме загрижени после натпреварот против Монпелје. Очекувањата на јавноста и нашите лични на клупско ниво беа многу поголеми. Сепак, тоа покажа дека во Европа се игра многу силен ракомет, дека нема лесни противници и дека Вардар мора да направи многу за да може да игра против најдобрите екипи во Европа за да бидеме на исто ниво. Дали ќе има некои изненадувања во играта? Веројатно може да биде некоја комбинирана одбрана која би го забавила нивното движење. Мораме многу да трчиме и да не примиме лесни голови бидејќи тоа им е најсилен дел од играта. Колку ќе успееме ќе видиме. Не одиме во Данска со бело знаме. Ако Мешков Брест можеше да биде во егал до самиот крај зошто тоа да не може да го направи и Вардар. Еден добар натпревар би ни била многу важна за следната средба кога ќе треба да играме могу важен дуел против Кил во Скопје.Според тоа асеа со ова бодовно салдо сме задоволни, но тука нема да засанеме“, коментираше Вујовиќ пред заминување за Данска.

Натпреварот утре почнува од 18:45 часот, а ова е дуел од 5. коло од Групата А во Лигата на шампионите.