Вуко Борозан се враќа во Катар!

Левиот бек Вуко Борозан, сепак нема да заигра за хрватскиот шампион Загреб како што најавуваа тамошните медиуми.

Некогашниот ракометар на Вардар до крајот на сезоната ќе ги брани боите на катарскиот тим Ал Ахли Катар.

Борозан минатото лето потпиша за Загреб, не заигра на официјален натпревар за „плинарите“, и доби отказ.

Но и покрај тоа, од Загреб имаше уште еден обид пролетва да го вратат во своите редови, но немаше реализација.

Црногорецот кој потекнува од Ловќен Цетиње, ги бранеше боите на Карловац, Либек, Металург, Вардар, Веспрем и Ал Араби.