Врањеш го врати Сташ Скубе во репрезентацијата на Словенија (ФОТО)

Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш ги соопшти имињата на ракометарите на кои смета за ЕХФ неделата во која ќе се играат средби од квалификациите за ЕП 2022.

Меѓу играчите кои се повикани е и поранешниот член на Вардар, Сташ Скубе.

Врањеш е првиот селектор после неколку години кој одлучи да го повика Скубе и да го врати во сениорскиот состав. На списокот е и неговиот брат Себастијан, а на истата позиција се и Бомбач и Зарабец.

Конкуренцијата за Скубе е голема, но тој е во добра форма и може да се очекува да добие шанса за да настапи на средбите кои претстојат. Дефинитивно Врањеш има добра селекција и не би требало да има проблеми за пласман на Европското првенство.

На 5. и 8. ноември селекцијата на Словенија ќе ги одмери силите со селекциите на Полска и Турција.