Во чест на неготинската легенда Ѓорѓиев-Манџата: Се одигра ревијален натпревар меѓу Вардар и легендите на Повардарие

Денеска во Неготино, во чест на легендарниот ракометар на Повардарие – Илија Ѓорѓиев-Манџата, се одигра ревијален натпревар.

Актуелниот состав на Вардар Неготино и легендите на Повардарие одиграа без победник 22-22.

Ѓорѓиев е член на најдобрата генерација на Повардарие, кога овој тим избори место во Европа и играше во Купот на градови.

Подоцна ја извршуваше и претседателската функција во клубот, а животот го загуби пред три години.