Во Целје се подготвува спектакл, гостува големата Барса!

Екипата на Целје, која ја освои титулата во Словенија, на 11 јуни во „Златорог Арена“ ќе одигра пријателски натпревар против каталонскиот гигант, Барселона. Овој пријателски натпревар беше дел од договорот за трансферот на Домен Макуц во Шпанија.

На пријателскиот натпревар против Барселона, раководството на Целје ќе им се заблагодари на сите ракометари кои ќе го напуштат клубот, а по завршувањето на натпреварот ќе биде претставен и новиот тим за следната сезона.

Целје ќе го напуштат Вид Потеко, Тилен Кодрин, Радојица Цепиќ, но и легендата на „пиварите“, Давид Разгор, кој по 25 години играчка кариера, в сабота ќе го одигра последниот натпревар.

Разгор во својата кариера единствено настапуваше за екипата на Целје. Во следната сезона ќе му биде помошник на актуелниот тренер на Целје, Алем Тоскиќ. Клубот ќе го напушти и екс вардарецот, Стефан Терзиќ.

За избраниците на Карлос Ортега, пријателскиот дуел против Целје ќе биде последен тест пред Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. Завршниот турнир во Келн ќе се одигра следниот викенд.