„Во Скопје сум научен на пекол, чудно е да се игра пред празни трибини“

Во последнава деценија Златко Хорват најмалку двапати во сезоната гостувал во Скопје (затоа и не му е тешко да се адаптира на нашата престолнина). Но, тој е навикнат на едно Скопје кое живее за ракометот, на полни трибини и пеколна атмосфера за игра. Сега се му е чудно и пусто.

„Чудно ми е да играм пред празни трибини. Скопје го знам со пеколна ракометна атмосфера, со луѓе кои ’висат’ на гелендери во ’Автокоманда’, со полн ’Јане Сандански’, па и ’Борис Трајковски’ го паметам, сме играле и таму пред полни трибини. Се случувало да биде празно на некој СЕХА меч, но и тогаш не било како сега, имало доволно публика за да направи амбиент. Се надевам дека оваа пандемија ќе помине брзо, ни недостасуваат навивачите. Таа атмосфера која те носи кога играш, а и верувам дека плеј-офот ќе биде и тоа како интересен и ако не пред полни трибини барем половина капацитет да биде исполнет за да може взаемно да уживаме со навивачите“, носталгично вели Хорват.

Комплетното интервју со Златко Хорват може да го прочитате во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ЗЛАТКО ХОРВАТ: Бајката немаше среќен крај во Загреб, но може да има во Металург!