Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одлучи натпреварот од Супер Купот да се одигра во Струмица.
За трофејот ќе се борат актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер и освојувачот на Купот, тимот на Вардар.
Битолскиот тим и „црвено-црните“ дуелот од Супер Купот ќе го одиграат на 6 септември, со почеток од 18:00 часот во спортската сала „Парк“, која е со капацитет за околу 2000 навивачи.
Клубот од Струмица, Астраион, преку социјалните мрежи ги информираше љубителите на ракометот дека билетите се пуштени во продажба на билетарницата на салата „Парк“.
Цената на билетите за следење на ракометниот спектакл во Струмица изнесува 150 денари за сите блокови во салата.
Еурофарм Пелистер две години по ред го освојува трофејот во Супер Купот. Вардар има трофеј од првото издание, кое беше одржано во 2017 година во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, како и трофеи од 2018 и 2019 година.
Супер Куп дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се игра во Струмица
.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.