Во Металург не успеа да се снајде, но сега ќе се обиде во Романија

Ракометарот кој во сезоната 2019/20 го носеше дресот на Металург, Иракли Кбилашвили во новата сезона ќе има нов клуб откако доби понуда од екипа од Романија.

Тој одигра одлично на ИХФ/ЕХФ трофејот во Тбилиси и со репрезентацијата на Грузија обезбедија место во бараж квалификациите за Европското првенство 2024 година кое ќе се одржи во Германија. Овие одлични репрезентативни настапи беа причина да добие понуда од романскиот суперлигаш, Сучеава. Репрезентативецот на Грузија без многу двоумење ја прифати понудата и во новата сезона ќе настапува во шампионатот на Романија.

Екипата на Сучеава обезбеди опстанок во најсилното романско натпреварување откако сезоната ја заврши на 12. позиција на табелата. Ракометарот кој има 22-години доби и две индивидуални признанија за неговата игра на ИХФ/ЕХФ трофејот и беше избран за најдобар играч и плејмејкер.

Плејмејкерот од Грузија покрај за Металург во својата кариера ги носеше дресовите и на Решица и Одеса.