Во Македонија освои дупла круна во Женската лига, а во новата сезона ќе води машки тим

Српскиот стратег Ненад Краљевски, откако минатата сезона ја освои дуплата круна во Македонија со тимот на Куманово, ќе има нов предизвик во кариерата.

Иако имаше опција да остане на клупата на женскиот првак, сепак се враќа во татковината и ќе го води тимот на Динамо Панчево во наредните две сезони.

Таму ќе го замени Аким Комнениќ, кој пак ќе ја преземе работата со академијата на тимот од Панчево.

Краљевски освен Куманово, претходно ги водеше екипите на Јуниор, БАСК, Мојковац, Прибој, Железничар Сараево, женската репрезентација на Шри Ланка, како и кадетските селекции на Србија и Црна Гора, а со тимот на Црвена Ѕвезда ја освои титулата во Србија во 2008 година.