Во Македонија ги донесоа Веспрем, Лемго, Шамбери…сега не знаат дали ќе ја почнат сезоната!

Тимот на Преспа од Ресен е еден од петте тима што освојувале титули во Суперлигата покрај Вардар, Пелистер, Металург и Борец. Заедно со велешкиот тим се далеку од славата во минатото и долго време се натпреваруваат во прволигашката конкуренција.

Темни облаци се надвиснати над Ресен и во прашање е доведено егзистирањето на клубот бидејќи подготовките не се ни започнати, а нема најава ниту дека ќе започнат.  На играчите уште од ланската сезона им се должат плати, а тие се единствени дека нема да се појават во салата „Зоран Стојановски“ без да им бидат исполнети сите барања.

Преспа доби ваучер од 1.200.000 денари, но очигледно во Ресен тој не е реализиран, па тимот што своевремено во Македонија ги донесе тимовите на Веспрем, Лемго, Шамбери, Гранољерс…и не само што ги донесе, туку и ги победуваше, оваа сезона може да не биде дел од прволигашкото натпреварување.

Новата сезона почнува утре, а Преспа и нејзините ракометари не знаат дали ќе се појават на теренот. Цела среќа што викендов тимот од Ресен е слободен, па ќе има уште седум дена да се консолодира и да може да се спаси нешто, ако не е веќе доцна да се спасува.