Во Луксембург мислат на екологијата: Нема веќе пластични шишиња на натпреварите

Ракометната федерација на Луксембург, се приклучи во борбата за почиста животна средина. Од таа причина ќе им забрани на екипите да користат пластични шишиња за еднократна употреба.

Во Луксембург се одлучија да се откажат од употребата на пластични шишиња за вода за време на натпреварите, а според нив осумте екипи кои се натпреваруваат во првенството годишно употребуваат над 5.000 шишиња.

Согласно со оваа одлука судиите и играчите во тимовите мораат да носат свои шишиња со вода на натпреварите. Исто така во врска со ова веќе домашните тимови нема да имаат обврска да обезбедат вода за гостинските екипи.

Целосното исфрлање на пластичните шишиња се очекува да се спроведе до 31 декември годинава. Ова може да биде одличен пример и за другите федерации кои доколку би го примениле ова многу би придонеле во глобалната борба за заштита на околината.