Во Куманово паднаа 72 гола, Металург РА се радуваше на победата

Ракометарите на Металург РА се израдуваа на победа на гостувањето во Куманово со 31-41 во рамките на прволигашкиот плеј-оф.

По 7-9 во првото полувреме, гостинските ракометари погодија уште 11 пати, за разлика од кумановци кои реализираа само три пати, па победникот беше решен уште по 30 минути игра, 10-20.

Во второто полувреме се играше практично без одбрана, шанса за настап добија ракометарите од клупата, па паднаа дури 42 гола.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Филип Димевски и Филип Фидановски со по осум погодоци, додека кај Куманово, Андреј Миладиновски даде 10 гола.