Во кобната железничка несреќа во Грција, загина и млад ракометар од Кипар!

На 28 февруари во Грција се случи голема железничка несреќа, откако патнички и товарен воз се судрија на железничката траса меѓу престолнината Атина и пристанишната метропола Солун.

Според последните информации, во железничката несреќа настрадаа 57 лица, додека во болниците се хоспитализирани 48 патници, од кои шест се на одделите за интензивна нега.

Меѓу загинатите лица е ракометарот од Кипар, Кипријанос Папајоану. Младиот студент бил дел од академијата на клубот Авгорос.

Како што соопштуваат медиумите во Грција и Кипар, починатиот ракометар се враќал во Солун со кобниот воз што директно се судрил со товарниот воз.