Во карантин се посвети на втората љубов – заврши курс за шминка (ФОТО)

Голманката на репрезентацијата на Романија и ЧСМ Букурешт, Дениса Деду паузата предизвикана од коронавирусот ја искористи да стекне нови вештини надвор од ракометот.

Таа помина интернет курс за шминка, а веднаш штом беа тргнати ограничувањата и мерките во земјата Дениса веднаш ги покажа методите и вештините кои ги научи за време на карантинот.

„Подолго време сакав да посетувам часови за шминка, па затоа за време на пандемијата решив да поминам интернет курс. Најмногу од сè морав да работам на мешањето, треба да ги следите пропорциите и да работите многу внимателно. Луѓето не се навикнати да гледаат спортисти како го прават тоа, но мора да знаеме дека можеме и ние да бидеме женствени и дека можеме да се сликаме. За време на натпреварите јас ставам минимална шминка, но кога имам слободно време сакам многу повеќе да се посветам на изгледот “, рече Дениса.