Во Европскиот Куп се пријавија 77 тима – ќе играат Горење, АЕК Атина, Војводина…

За новата сезона во ЕХФ Европскиот Куп за мажи се пријавија дури 77 екипи, меѓу кои има и некои што лани играа во Лигата на Европа.

26 од нив ќе стартуваат од првото коло, а 13 победници ќе им се придружат на другите 51 кои се директно пласирани во второто коло.

Меѓу пријавените се пет тима од јужниот сосед – АЕК Атина, Олимпијакос, Пилаја, Диомидис Аргус и ПАОК Солун, потоа словенечките Горење, Словењ Градец, Рибница, па српските Војводина и Партизан…

Ждрепката за првото коло ќе биде на 19 јули, додека натпреварите ќе се одиграат 10/11 септември и 17/18 септември.