Во Делчево паднаа 70 погодоци, домаќините подобри од Македонија ЃП

Интересен натпревар беше одигран во Делчево помеѓу домашната екипа и Македонија Ѓорче Петров во плеј-аут конкуренцијата од Првата лига, а на победата се израдуваа ракометарите на Делчево Вардар кои триумфираа со 36:34.

Избраниците на Гоце Стоиловски имаа контрола на резултатот до првата половина од првото полувреме кога беа постојано во водство од еден до два гола разлика. Гостите од Скопје ја искористија слабоста и падот на играта на домаќинот и во текот на 16. минута го израмнија резултатот на 10:10, а минута подоцна, Никодиновски го донесе првото водство за својот тим, 10:11. Сепак, Делчево Вардар се врати во ритам и не дозволи противникот да замина со предност на полувремето кое заврши нерешено, 16:16.

Вториот дел помина во знакот на домаќините. Делчево Вардар предводен од Ѓоргиевски и Ѓорѓиев секогаш беше чекор плус пред противникот. По десет минути игра во второто полувреме, Делчево Вардар стигна до пет разлика и најави успешно освојување на трите бода. Водството беше контролирано до крајот, а разликата во конечниот исход беше плус два голови разлика.

Делчево Вардар беше предводен од одличните Мирче Ѓорѓиев со 11 и Гоце Ѓеоргиевски со 9 гола. Во составот на Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Боби Неделковски со девет гола.