Војничка дисциплина: Поранешен играч на Вардар раскажа како е во Кореја

Поранешниот играч на Вардар, Вук Лазовиќ кој беше член на црвено-црниот тим во сезоната 2012/13, сега настапува во екипата Хокс во првенството на Јужна Кореја. Тој направи изненадувачки трансфер на далечниот исток откако играше во Србија, Македонија, Романија и Германија.

Лазовиќ е првиот странец кој настапувал во некој клуб од Јужна Кореја и објасни каков е неговиот третман како странец во лигата.

„Неверојатно е колку ме сакаат и почитуваат, на почетокот ми беше чудно но се навикнав. Неверојатно ми беше тоа што после натпревар останував еден час да се сликам со деца и нвивачите. Од целиот тим само мене ме бркаат за автограм, децата ме цртаат па ми ги ностат сликите, ме застануваат на улица. Убаво е сето тоа, не можам да кажам дека не ми се допаѓа, но навистина е малку напорно“, сподели Лазовиќ за zurnal.rs.

Друга работа која го импресионирала Црногорецот е дисциплината во земјата и тоа што се е подредено како што треба. Според неговите зборови Кореја е речиси перфектна држава.

„Дисциплината е неверојатна, мислев дека тоа никаде не постои и дека е невозможно. Се е средено, се знаат правилата, се почитуваат, а исто така и луѓето се многу добри. Не постио теоретска шанса некој да ве измами. Слободно можете да им верувате на зборот, не ви треба ниту договор. Ова е права војничка земја, се почитуваат годините и традицијата. Пример, кај мене во клубот после натпревар доаѓа најмладиот од екипата ги собира работите ги носи на перење и ги враќа. Се е под конец. Воениот рок е задолжителен и трае две години целата земја им е како војска, но не прашуваат многу и точно знаат што прават. “, продолжи Лазовиќ.

Како и речиси во сите земји во светот и Кореја е зафатена од коронавирусот и таа беше меѓу првите држави после Кина каде што се рашири вирусот. Лазовиќ веднаш штом сфатил што се случува одлучил да се врати во Црна Гора кај сопругата и детето.

„Кога се појави вируст во Кина, јас не го разбирав јазикот да разберам од весниците или телевизија што се случува. Нешто прочитав во нашите медиуми и ги прашав луѓето од клубот кои ми рекоа дека не е ништо страшно само да ги мијам рацете. Откако се зголеми бројот на заболени веднаш беше прекинато првенството и јас бев на пат за дома. Кога стигнав тука во Европа имаше многу малку заболени и никој не ме праша ништо ниту ме прегледа, а доаѓав од еден од најголемите и најпрометни аеродроми во светот. Во Кореја за три дена бројот на заболени скокна на 3500, а после месец ипол имаше 10.000 заразени. Но веќе се враќа се во нормала, трeнинзи, животот продолжува нормално. На нив им беше речено да не излегуваат надвор и 50 милиони луѓе седат дома. Нема прашања, кога претседателот ќе рече седете дома тие тоа го и прават, војничка дисциплина“, заврши Лазовиќ.

Црногорецот го продолжи договорот со Хокс на уште две години, а според неговите зборови презадоволен е и нема зошто да не остане во Јужна Кореја.