Војводина испиша историја, ќе игра полуфинале во Европа!

Српскиот шампион и учесник во регионалната СЕХА лига Војводина направи историски успех на европска сцена и за првпат во својата историја ќе може да се надева на медал од европските натпреварувања.

Војводина обезбеди полуфинале во Европскиот Куп, откако го елиминираше некогашниот шампион на Словенија, Горење Велење во четвртфиналниот двобој во третото по ранг европско натпреварување.

Ракометарите на Војводина на првиот дуел триумфираа со 31:30, додека на реванш средбата, која ја играа на гостински терен, обезбедија победа од 30:26 и со биланс од две победи патуваат во полуфинале.

Останатите три патници во полуфиналето од Европскиот Куп ќе бидат познати по денешните дуели.

Најблиску до пласман меѓу најдобрите четири екипи е актуелниот шампион Наербо, кој на првиот четвртфинален дуел против Сесвете славеше со 26:20.

Во слична поволна ситуација се наоѓа и амбициозниот Алингсас. Шведскиот претставник за ривал во четвртфиналето ја доби Дукла Прага и на првиот меѓусебен дуел победи со 39:33.

Карвина сѐ уште има шанси за полуфинале, но на реваншот против Рунар треба да обезбеди победа од четири гола разлика, бидејќи првиот дуел заврши 34:31, или пак да победи со ,,плус три” , па патникот за полуфинале би се одлучувал на пенали.