Вори дебитираше со пораз, Загреб „изгорен“

Хрватскиот првак Загреб го одигра првиот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона.

„Плинарите“ на тренерското деби на Игор Вори загуби на домашен терен од словенечкиот тим Горење Велење со 20-22.

На полувремето гостите водеа со 9-13, а на Загреб не му помогнаа засилувањата Матановиќ, Буриќ, Обрадовиќ, Млакар…

Најдобар стрелец кај хрватскиот тим беше Вистороп со седум голови, а Шипиќ даде четири, додека кај Горење се истакна Вердинек со седум погодоци.