Не се знаат сите учесници, ама билетите за Мундијалот во 2023 веќе се во продажба

До почетокот на следното големо натпреварување има нешто повеќе од 11 месеци, а тоа е Светсткото првенство во 2023 година кое ќе се игра во Шведска и Полска и кое ќе започне на 11 јануари.

Ова ќе биде 28. издание на Светските првенства, домаќини ќе бидат две земји со девет градови. Во Полска натпреварите ќе се играат во салите во Катовице, Краков, Плоцк и Гдањск, додека во Шведска градови домаќини ќе бидат Стокхолм, Гетеборг, Малме, Јонкопинг и Кристијанштад.

Следното првенство ќе биде второто во историјата на кое ќе настапат 32 репрезентации. Веќе се познати дел од учесниците, а потврдени се и термините на одигрување на натпреварите. Ждрепката за групите ќе се одржи на 2 јули во Катовице кога ќе бидат познати сите учесници на Мундијалот.

Со оглед на тоа што се познати термините веќе се пуштени и влезниците за првенството за одредени натпревари. Билетите за натрпеварите во Шведска може да се купат на веб страната handball23.com, додека влезниците за наптреварите во Полска ќе бидат пуштени во продажба во март.