Влегов, одбранив, донесов триумф – Митревски е нај голман на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски заслужено се најде во идеалниот тим на колото во Лигата на шампионите.

Тој влезе на теренот во финишот на мечот, но успеа да собере шест одбрани, или 46% на одбранети удари на ривалот.

Дел од нив беа клучни за триумфот на Порто над Фленсбург со 27-26, а покрај Митревски во идеалниот тим се Хампус Ване како најдобро лево крило, Ерик Јохансон е најдобар лев бек, како и Петар Ненадиќ е најдобар среден бек.

Во идеалниот тим се најдоа и Алекс Душебаев, Марио Шоштариќ и Седрик Сорендо. Најдобрите потези на седморката на колото може да ги погледнете на следниот ЛИНК.