Влатко Митков не мисли на крај на кариерата, потпиша договор со Холабрун!

Поранешниот македонски репрезентативец Влатко Митков во новата сезона ќе има нов предизвик.

Иако планираше да продолжи во тимот на Брегенц, сепак 38-годишниот десен бек потпиша договор за следната сезона со второлигашот Холабрун.

Митков зад себе има одлична кариера во Бундес лигата каде што играше за Хам Вестфален, Балинген, Вецлар, Вилштат Шутервалд, а потоа и во Австрија беше дел од Брегенц, Кремс и Барнбах.

За Македонија, Митков настапи на 91 натпревар и постигна 78 погодоци.