Влатко Митков го води Холабрун во елитата

Тимот на Холабрун, каде што настапува некогашниот македонски репрезентативец Влатко Митков, забележа нова победа во Втората лига на Австрија.

Холабрун славеше против Кремс 2 со 33-25, откако и на полувремето имаше предност од седум гола, 19-12.

Митков, кој сезонава е во двојна улога, играч-тренер, одново беше лидер и постигна седум погодоци од осум обиди.

Холабрун сега има осум победи во десет меча и е лидер на табелата со 16 бода, исто колку што има и Ацгерсдорф, а овие две екипи ќе играат меѓусебе на 11 декември.