Вицешампионот падна на првиот испит во Ростов

Екипата на Брест која во минатата сезона играше финале во Лигата на шампионите денеска стартуваше во новата сезона, а во 1. коло претрпе пораз на гостувањето кај Ростов Дон со 24:26.

Ростов Дон имаше повеќе од играта на овој дуел, но и многу подобро прво полувреме така што успеа да направи три гола предност, 16:13 кои беа доволни за да се дојде до триумф. Во вториот дел се зачува водството за победа од 26:24.

Фролова постигна шест гола, додека Зади Деуна имаше пет погодоци. Македонската снаа Аморим Талеска заврши со два гола. Во поразениот Брест, Јауковиќ постигна шест гола.

Борусија Дортмунд и ФТЦ Раил Карго постигнаа по 25 гола и ги поделија бодовите. Првите 30 минути ги добија гостинките од Унгарија со 14:12, додека на крајот 25:25 за по еден бод на стартот од сезоната.

Алина Гријселс од Борусија Дортмунд заврши со девет гола, додека во тимот на ФТЦ Раил Карго по шест погодоци имаа Емили Болк и Антје Ангела Малестејн.

Ова беа првите две средби од новата сезона, а натпреварите продолжуваат и денеска и утре.