Вицепрвакот ги промовираше новите засилувања – потпишаа Велковски, Стојчевиќ, Бинго и Ромеро

Македонскиот вицепрвак ги промовираше новите имиња во составот пред стартот на новата сезона.

Станува збор за македонскиот репрезентативец Мартин Велковски, кружниот напаѓач Стефан Стојчевиќ, француското лево крило Арно Бинго и кубанскиот голман Алехандро Ромеро.

Новите играчи, кои уште одамна ги најави 24Ракомет, ќе се обидат да му помогнат на тимот од Автокоманда во битката за подобар резултат на домашна и меѓународна сцена.

Велковски се враќа во Автокоманда каде играше за Металург по четири сезони во Еурофарм Пелистер, додека Стојчевиќ беше дел од Бутел Скопје и Аеродром.

Бинго е искусен француски интернационалец, кој има настапувано за Трембле, Монпелје, Бенфика, Спортинг Лисабон…а голманот Ромеро доаѓа од францускиот Екс Ан Прованс.