Вицепрвакот ги почна подготовките

Mакедонскиот вицепрвак денеска со првиот тренинг формално означи почеток на подготовките за сезоната 2023/2024.

Во претстојната сезона тимот од Автокоманда, покрај во домашното првенство, ќе се натпреварува и во Лигата на Европа.

Првиот дел од подготовките ќе се реализираат во Скопје, а потоа екипата ќе оди на базични подготовки во Маврово.

Во вториот дел, од 16 до 20 август, вицепрвакот ќе настапува на турнирот во Струга 2023, а потоа ќе оди во Хрватска, каде што ќе игра натпревари со екипите на Нексе, Загреб, Сесвете и со словенечката екипа Добова.