Висла Плоцк подготвена да плати 40.000 евра за чешки репрезентативец

Според тврдењата на tvsport.pl, полскиот вице шампион Висла Плоцк е во преговори со францускиот Кретеј за трансфер на чешкиот репрезентативец Томаш Пирох.

Чехот би требало да го замени Давид Фернандез и да биде долгорочно решение на проблематичната позиција за Висла Плоцк на десeн бек.

Пирох беше дел од репрезентацијата под водство на Чави Сабате, a особено беше добар на бараж дуелите со Македонија. Сабате и Пирох се на добар пат повторно да соработуваат. Висла Плоцк е подготвена да плати 40.000 евра за крилото на екипата на Кретеј.

Репрезентацивецот на Чешка има 22 години, за екипата на Кретеј настапуваше само изминатата 2021/22 сезона. Претходно Пирох има играно за Талент Плзен, а уште на 16 години преминал во Мелсунген од каде што заминал за Луцерн.