Викенд на ракометни свадби – се оженија Манасков, Василевски, Јевтиќ…(ФОТО)

Периодот по завршувањето на ракометната сезона во Македонија, многу од ракометарите и ракометарките го искористија за свадби.

Во Бутел Скопје имаа двојна причина за славење, бидејќи се оженија Мартин Манасков и Владимир Јевтиќ.

Манасков и неговата сопруга Кристина Максимоска, направија свадбена веселба во еден од скопските ресторани, на која беа присутни многу од македонските репрезентативци, а за музиката се погрижија Тамара и група Маестро.

Јевтиќ и неговата избраничка Емилија Благојевиќ направија свадба во родниот град на пивотот во Србија, Ваљево, на која беа присутни многу од играчите на Бутел Скопје.

Покрај Манасков и Јевтиќ, викендов се ожени и пивотот Филип Василевски со неговата избраничка Кристина Нечовска. Свадбената веселба на членот на Скопје се одржа во Битола.