Видерер останува прв човек на ЕХФ и во следните четири години

Актуелниот претседател на Европската ракометна федерација, Михаел Видерер ќе остане на претседателската позиција и во следните четири години.

Тој беше единствениот кандидат за оваа функција на Конгресот на ЕХФ во Виена и немаше противкандидати.

Видерер кој има 65 години долго време е во врвот на европскиот ракомет. Прво ја извршуваше функцијата на генерален секретар, а потоа се најде и на претседателското место.

Вицепретседател ќе биде Црногорецот Предраг Бошковиќ, Хенрик Ла Кур ќе се грижи за финансиите, додека претседател на Натпреварувачкта Комисија ќе биде Србинот Божидар Ѓурковиќ

Од Македонците единствено во конкуренција на изборите во ЕХФ е Драган Начевски, кој се кандидира за трет мандат како претседател на Судиската Комисија.