Веќе е навика – „октоподот“ Митревски во идеалниот тим на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Како и секое коло, па и ова, македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, се најде во изборите на медиа тимот на ЕХФ.

Во ремито на Порто кај Фленсбург, 26-26 Митревски беше еден од најдобрите поединци и го запре шутот на домашните што можеше да им донесе триумф.

Една од неговите одбрани се најде во ТОП 5 одбрани на колото, а плус беше избран и за најдобар голман на колото.

Покрај Митревски, во идеалниот тим на колото во ЛШ се најдоа уште и Давид Мандиќ од Загреб, Петар Ненадиќ од Веспрем, Феликс Клар од Алборг, Харалд Рајнкинд од Кил, Мариус Штајнхаузер од Фленсбург и Мохамед Мамду од Динамо Букурешт.

Најдобрите одбрани може да ги погледнете ТУКА, а иделниот тим ТУКА.